Мицкоски: Наша обврска е да изградиме подобри врски, подобар живот и подобра иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упати честитка до сите припадници на турската заедница во земјава по повод  21 Декември – Денот на настава на турски јазик.

-Денот кој денес се одбележува потсетува на важноста на негувањето на различностите и неопходноста од сочувување на јазичниот идентитет, како основа на идентитетот на еден човек, заедница или народ. Турците во Македонија, се истовремено главниот мост на пријателство на Турција и Македонија и македонскиот и турскиот народ, пријателство базирано на заемна почит и разбирање, стои во честитката.

Нашата заедничка обврска е, како што се наведува, да овозможиме подобро утре на сите кои живеат во Македонија, вклучително и Турците.

-Нашата обврска како генерација е да изградиме подобри врски, подобар живот и подобра иднина. Заедно да се бориме против сиромаштијата, заедно да се бориме против корупцијата, заедно да сме сплотени во секоја криза, затоа што тие се јаремот на нашиот човек во Македонија, кој не дозволува напредок и успех. Предизвиците пред кои сме исправени во новото време мораме заедно да ги надминуваме, затоа што тоа и го должиме на нашата заедничка татковина Македонија, напиша Мицкоски во честитката. 

21.12.2021 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега