Мицкоски: Нема алтернатива членството во ЕУ од кое сме се подалеку

Дали има алтернатива членството во ЕУ од кое сме се подалеку со оваа влада? Не, нема, ниту сега, ниту пред една година, ниту во иднина, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дали Пендаровски треба да ја искористи секоја прилика да обезбеди членство во меѓународни организации кои ќе значат нови стандарди?

Да секако!

Дали Пендаровски прави разлика помеѓу Европска економска заедница која формално е пресликана во Европската Унија и за која вчера говореше и од друга страна Европска економска зона чиишто темели се во 1992 година за која денес пишува статус?

Очигледно дека не!

Да потсетам Стевo Пендаровски е Претседател на државата.

Проблем е кога носителите на највисоките функции немаат најосновни познавања на терминологијата во меѓународните односи, а претендираат да ја водат Македонија напред во меѓународната сфера“, напиша Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2020 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега