Мицкоски: Нема поголеми приходи во буџетот, власта не исплаќа поврат на ДДВ

Доколку се продолжи да се не се враќа ДДВ-то кон стопанството ќе имаат исклучително поголеми приходи од тоа што можеби се надевале. Она што е карактеристично доколку го погледнете извештајот којшто го прави Управата за јавни приходи, ќе дојдете до заклучок дека за 9 % е намалено ДДВ-то, односно данокот на додадена вредност од увоз, значи економската активност на компаниите коишто увезуваат е за 9 % е намалено споредбено со истиот месец минатата година. Доколку го гледате ДДВ-то од промет во земјата, ќе забележите дека тоа е намалено за 14 %  споредбено со истиот период минатата година, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Доколку го споредите бруто ДДВ-то, односно бруто собраниот данок на додадена вредност овој јули со јули 2019 година ќе видите дека тоа е некаде околу 815 милиони денари помалку. И конечно доколку го споредите нето данокот на додадена вредност, односно оној којшто треба да им се врати на даночните обврзници овој јули, споредбено со јули минатата година ќе дојдете до заклучок дека тоа е близу 900 милиони денари помал од износот којшто бил минатата година. Што значи дека државата се позајмуваше на меѓународен и домашен пазар преку оние аукции, а сега почнува да се позајмува од стопанството за да преживее од први до први. Е токму поради таа причина ние имаме за еден или два проценти поголем собран практично поголем прилив во буџетот споредено со минатогодишниот јули, но доколку тоа практично се елиминира, ќе дојдете до заклучокот дека државата се води директно во амбис и од оној податок кој што јас дојдов во текот на вчерашниот ден, можам да заклучам дека буџетскиот дефицит заклучно со јули месец е продлабочен на ниво од 32 милијарди денари или 32,080 милијарди денари или тоа е нешто повеќе од 520 милиони евра во првите седум месеци од ова година. Тоа е алармантна ситуација. Јас не би бил среќен напротив би бил сериозно загрижен кога буџетскиот дефицит ќе надмине повеќе од половина милијарда евра и тоа една сериозна ситуацуија во која што треба сериозно да се седне и да се размислува наместо да се покриваат новите задолжувања со онакви прес-конференции какви што видовме во вчерашниот ден бидејќи вчера мораше да се излезе со една таква би рекол артифицијална прес- конференција за да се покрие новото задолжување на домашниот пазар од речиси 38 милиони евра кое што се случи вчера. Но реалноста не е блескаме, луѓе да не ни се случи во март месец, блескаме до 15 март а потоа крајот на март да велиме што ќе правиме не знаеме како да ја одржиме ликвидноста во државата, истакна тој.

Мицкоски посочи дека истото тоа ќе ни се случи и на есен доколку сега на време не преземеме соодветни мерки.

-И да, ВМРО-ДПМНЕ  во минатото велеше дека треба да се задолжиме уште во март месец, но да се задолжиме во насока на тоа да практично го спречиме ширењето на Ковид пандемијата или еве вака да се изразам народски, да се излечиме, да го спречиме тонењето на економијата, но ние се задолживме една милијарда во вториот квартал, ниту го спречивме ширењето на Ковид пандемијата, напротив, бројките се троцифрени секој ден и се зголемени споредено со состојбата пред воведувањето на вонредната состојба, а од друга страна економијата ќе има барем во вториот квартал двоцифрено паѓање кое што секако ќе резултира со екстремно краен негативен резултат на крајот од годината. Така што суштината е кој ќе сноси одговорност за сите овие погрешни политики не само енергетиката за што всушност и беше денеска темата, туку и во економијата, во здравството и сите останати сектори кои што се суштински за функционирање на државата, порача тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега