Мицкоски: Немам намера да си поднесам оставка

Немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Зоран Заев, изјави на денешната прес-конференција пред седиштетото на партијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ваквите теми, нагласи тој, само одат во прилог на оние против кого се бориме и додека сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Зоран Заев.

Во однос на иницијативата за вонреден конгрес, Мицкоски рече дека таква иницијатива нема стигнато, ниту поднесено во архивата на партијата и оцени дека тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и се одработи исклучиво за СДСМ и Зоран Заев.

– Од она кое што можам да го видам, ги гледам истите оние луѓе кои што сега се гласни, за разлика од изминатите 32 месеци, кога беа тивки, кои што работеа и ровареа внатре во партијата. Ширеа поделба на членовите и молеа бога само ова ВМРО-ДПМНЕ да не успее, бидејќи беа силно заседнати во скутот на Зоран Заев и се молеа на неговата милост. Истите тие себе се нарекоа иницијатори и истите ги поканив да се качат во кабинетот да видиме на кој начин се поднесува иницијатива за свикување вонреден конгрес и кои би биле причините за тоа, изјави Мицкоски.

Изминатите месец и половина, посочи тој, оставив простор да видам предлог и алтернатива на луѓе кои, за себе, како што рече, си мислат дека се алтернатива и за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, но такво нешто нема.

Во однос на новата влада на Зоран Заев, порача дека е со стари, истрошени и компромитирани кадри, која нема иднина и ќе падне пред својот мандат на граѓански протести.

– Зло како оваа влада не се руши одеднаш, туку со многу битки и труд и паѓање на оваа власта на рати. Ова денес е почеток на крајот на СДСМ. Ако ме прашувате каква иднина не чека. Оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. Ќе мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини, изјави Мицкоски.

За тоа како ќе се однесува ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече, со жестока критика и на страна на народот, како и со организирани масовни граѓански протетси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2020 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега