Мицкоски: Ниту СДСМ, ниту ДУИ водат грижа за интересите на Албанците и остaнатите граѓани

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека ниту СДСМ, ниту ДУИ не се грижат за интересите на Албанците, Македонците и на останатите граѓани во Македонија, што се потврдило со неприфаќањето на понудата на ВМРО-ДПМНЕ, Африм Гаши да биде премиер Албанец.

-Ние само сакавме со тој чекор да покажеме дека ова претставува една обична калкулантска игра на политичари кои што се во заминување. И конечно да ја затвориме таа тема на национализам и поделби, напротив како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично сакам да покажам дека доаѓа втората епоха, нова иднина, иднина во која што ќе зборуваме за компетенции, а нема да ги делиме луѓето по национална, верска или политичка припадност. Така што сета онаа неискреност кон гласачите од страна на овие политичари, само со една реченица ја извадивме на површина, а тоа е дека ниту имаат план, ниту имаат намера да ја решаваат економската криза која што е последица на енергетската криза, затоа што не знаат и затоа одбиваат. И второ заврши времето на политичари кои сеат поделби, раздор во општеството, доаѓа втората епоха на новата иднина и друг тип на политичари кои што ќе обединуваат и кои што ќе ја развиваат и кои што ќе испорачуваат за народот на Македонија, истакна Мицкоски.

Според Мицкоски калкулантско е барањето за помилување што го поднесе и го повлече претседателот Стево Пендаровски, а на кое се најде и осудениот Александар Василевски – Нинџа за настаните од 27 април.

-Калкулантско е затоа што едноставна е ситуацијата за сведочењето на тоа лице. Како резултат на тоа сведочење се изрекоа казни во висина од повеќе од 200 години и нормално на крај доаѓа, она што му е ветено за тоа сведочење. А, тоа е ова помилување, односно барање, па сега повлекување, и сега веќе не знаеме статусот каков е. Затоа ќе бидеме на 111 место на Транспаренси интернешанал и ќе нема странски инвеститори, затоа граѓаните нема да веруваат во правната држава, затоа немаме владеење на право и затоа криминалците ќе владеат со Македонија, наместо да владее народот, додаде Мицксоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторно нагласи дека се потребни предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на овие порази и да почне нова ера на градење на заеднички патриотизам. 

21.12.2021 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега