Мицкоски: Обединетото Кралсрво останува еден од стратешките партнери и интереси на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска 12.01.2022 година остварија средба со Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј, информираат од партијата.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, економија и енергетската криза со која се соочува државата и граѓаните.

Претседателот Мицкоски посочил дека новиот состав на владата на СДСМ нема легитимитет од страна на граѓаните да владее, укажувајќи дека немањето на стратегија, визија и план од страна на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и поставување на стари истрошени кадри на позиции лошо ќе се одрази врз реформите за кои како што рече се неопходни се со цел Македонија да се придвижи напред.

Од страна на претседателот Мицкоски биле посочени и предизвиците со кои дополнително се соочуваат граѓаните во однос на економската криза, а воедно информираше дека поради задоцнето постапување и лошо менаџирање со државата и институциите Македонија се соочува со енергетска криза која пак негативно влијае на животниот стандард на граѓаните.

12.01.2022 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега