Мицкоски: Образованието системски се уништува, 20.000 деца не следат настава оти немаат компјутери

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук напиша статус по повод Меѓународниот ден на образованието.

„Нашата држава го дочекува Меѓународниот ден на образованието со 20.000 деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери, штрајк на матурантите, како и ‘реформи од Финска‘ кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус. Со обид да се укине предметот историја, со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1.000 најдобри универзитети во светот. Со образование кое е политизирано, наместо професионализирано“, напиша Мицкоски.

Тој додаде дека власта сето тоа го ветила, а не го остварила.

„Од ветеното ништо не исполнија. Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува. Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме“, напиша Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега