Мицкоски: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ жестоко да го порази СДСМ насекаде во Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува неговата партија да победи на локалните избори секаде во Македонија.

– Очекувам ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори жестоко да го порази СДСМ не само тука во Штип, туку насекаде во Македонија, затоа што не е гласот за градоначалникот во определена општина, туку тоа е глас за Зоран Заев, а мислењето на граѓаните во Македонија е крајно негативно бидејќи тој е најнеомилен политичар кој што функционирал во овие 30 години. Така што граѓаните во Македонија и штипјани треба да знаат дека нема да биде даден овде гласот за кандидатот за градоначалник на СДСМ, што практично е глас на граѓаните за Зоран Заев, не за клонот на Зоран Заев овде во Штип – истакна Мицкоски.

За тоа дали ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за предвремени парламентарни заедно со локалните избори, Мицкоски одговори дека оваа најнеуспешна и најкриминална Влада треба час поскоро да си замине дали преку ново парламентарно мнозинство или со предвремени парламентарни избори.

– Час поскоро треба да се промени оваа власт, а дали ќе се промени со ново парламентарно мнозинство или со предвремени парламентарни избори ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и повторен многу пати во минатото. Оваа најнеспособна, најнеуспешна и најкриминална Влада во 30 години независност, час поскоро треба да замине – рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега