Мицкоски од Гевгелија: Свесни за непринципиелната црна кампања која што се води веќе кон ВМРО-ДПМНЕ

„Свесни сме свесни за непринципиелната црна кампања која што се води веќе кон ВМРО-ДПМНЕ и кон Андон Сарамандов, прогласувајќи не сите нас за “зло“, што навистина не би сакал да го коментирам, бидејќи тоа говори за домашното воспитување на власта предводена од СДСМ, стравот кој се обидуваат да го наметнат кон вработените во јавната администрација, локалната самоуправа и останатите вработени во приватниот сектор додека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на овие избори тогаш тие ќе биле жртва на некакво реваншистичко однесување, дека ќе се бркало од работа итн“-порача лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска од Гевгелија.

Тој посочи дека: „Сакам да ги убедам гевгеличани да бидат спокојни, да бидат мирни, нашата цел не политички реваншизам, нашата цел е напротив спроведување на законите, чесно работење, да создадеме заедно нова иднина бидејќи сето она кое што се случува изминатите 52 месеци е спротивно на она за кое што ние се залагаме. Нека бидат спокојни, секој оној кој што чесно домаќински си ја работи својата работа со платата која што ја заработува, го храни своето семејство, обезбедува егзистенција за своето семејство е наш пријател и ние ќе бидеме рамо до рамо со тие луѓе“.

„Но, сите оние кои што се огрешиле пред законот навистина треба да бидат загрижени.

Така што, почитувани гевгеличани немојте да се грижите за вашата иднина, вашите работни места се сигурни и вие таму ќе бидете во иднина, а нашиот план е да обезбедиме дополнително работни места, и дополнително да ја вратиме сјајот на Гевгелија и овој регион.

Тоа е она за кое што ние се залагаме, ВМРО-ДПМНЕ сака да гради иднина, а  не да се враќа назад во минатото и да брка некакви сеништа за кои што денеска зборува нашиот политички противник, власта и СДСМ“-додаде лидерот на партијата, Мицкоски. 

 

26.10.2021 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега