Мицкоски од Гостивар: На 15 јули ќе победи концептот кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ, тоа е концепт на чест, честитост и гордост

Христијан  Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска при посета во Гостивар рече  дека за него претставува чест и задоволство што вечерва може да се зборува за она што беше и она кое треба допрва да биде  затоа што она кое што беше не треба да ни се повтори, а она што ќе биде, ќе биде еден нов почеток, едни нови поубави години за сите граѓани на оваа наша држава и затоа ни се важни овие 4 години каде што обновата ќе победи низ цела Македонија.

-Би сакал да започнам со една реченица која е многу важна: На 15 јули ние не бираме политички партии и коалиции, не бираме етникуми и верски различности или сличности. Ние на 15 јули бираме концепти, заокружуваме за каков концепт нашата Македонија сакаме да ни се развива, дали концептот кој што го нуди СДСМ, Зоран Заев или концептот кој што го нуди ВМРО-ДПМНЕ предводник на Коалицијата за Обнова на Македонија. Дали сеуште сакаме да гледаме во нашата политика луѓе кои од транзицијата ги гледаме во тие пратенички клупи, луѓе кои со децении за пљачкосуваат, ја обесправуваат нашата Македонија или луѓе кои имаат свежи идеи, идеи кои се всушност за напредок на нашата Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски при своето обраќање потенцираше дека секој од нас треба дa има на ум дека втора шанса може нема имаме и дека оваа шанса сега мораме силно да ја искористиме за да не биде како во 2016 години кога истиот тој човек со раката на срце, главата наведната па ќе  зборува за жицата, за племето, изгубен ќе талкал, а се што ќе вети спротивно ќе направи.

-Да не биде некажано, да не биде предупредено. 15 јули е помеѓу тој концепт и овој концепт кој што ние го нудиме. Концептот на срам и криминал или концептот на чест, честитост и гордост. Сите ние ќе се обединиме на 15 јули и ќе му се спротивставиме на овој предизвик масовно. Тешко допрва доаѓа после 15 јули. Потоа ќе треба да си ја градиме Македонија затоа што оваа нивната Македонија заедно со Заев и нивното раководство на СДСМ заминува на темната страна на политичката историја, кажа Мицкоски.

Претседателот  потсети дека СДСМ пред да дојдат на власт ветуваа дека ќе дојде правда,  па потоа велеа дека ќе стават бројчаници во центарот на главниот град, за да ги вратат украдените пари. Ни ништо од тоа не направија туку се здружија со тие кои денеска им се коалициони партнери, а порано ги нарекуваа режим. Мицкоски во врска со ова порача дека сите ќе одговараат од прв до последен зошто не може да има држава ако не се знае кој се богател на грбот на граѓаните.

-Јас сум убеден во мудроста и одлучноста на народот, народот повеќе не се плаши, тоа го гледам од Охрид еве сега и во Гостивар еве сега народот е на улица и народот ја поддржува победничката коалиција, коалиција за обнова на Македонија. Никој веќе не му се плаши ниту на Зоран Заев, ниту на Спасовски, ниту на Шеќеринска. Народот е на улица и ја поддржува нашата коалиција. Доста беше можеме, затоа што тоа можеме е можевме. Тоа можевме е завршено минато време. Доаѓа сега исправена Македонија и достоинствена Македонија. Драги гостиварчани радувајте се зошто за помалку од две недели од денеска ќе ги поразиме силно, ќе победи обновата. Мора да си обновиме Македонија онаква каква што сакаме да биде, за онаа Македонија за која сите заедно сонувавме, укажа Мицкоски.

На крајот од своето обраќање Мицкоски говореше за Проектот„ Обнова“ која е создадена на 360 страни  и во неа може да се најдат проектите на ВМРО-ДПМНЕ за наредните години како што се предвидени 25% повисока просечна плата, минимум 20 % поголеми пензии, минимум  нови 1000 километри и реконструирани локални и регионални правци, најмалку еден универзитет во првите 1000 според Шангајската ранг листа и уште многу други.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега