Мицкоски од Куманово: По 15-ти јули започнуваме со една нова политика во која што ќе нема повластена политичка каста

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со носителот на изборна единица 2, Владо Мисајловски ја посетија Општина Куманово. Од Куманово Мицкоски порача дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ започнува ера на политичари кои нема да седат во канцеларии, туку ќе се меѓу народот. Меѓу народот и ќе ги слушаат проблемите на граѓаните и ќе ги спроведуваат решенијата низ проекти.

-Сигурно нашите предци кои што животот го дадоа за нашата држава немаше ова политичко мочуриште и оваа сурова реалност да ги прифатат. Затоа за помалку од две недели од денеска сите ние ќе бидеме исправени пред една историска раскрсница  како и на кој начин ќе ја гледаме нашата Македонија во иднина. Каков беше сонот кој што го сонувавме да го досонуваме. Јас сум убеден дека ние сите што сме овде, но и тие што денеска не се со нас, но и оние кои што не следат од балконите ќе го изберат нашиот сон. Сонот за праведна наша татковина Македонија, истакна Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните на Куманово на 15-ти јули да излезат масовно и да го заокружат бројот 14. Тоа бројот кој што овојпат ќе биде број на победничката Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „За обнова на Македонија“.

-Ќе се борам за она кое што верувам, никогаш да не престанам да се борам во она кое што верувам, а верувам јас заедно со вас, верувам за идејата за нашата Македонија. Онаа богатата, Македонија која што ќе биде со исправена кичма, а не со свиткана кичма. Македонија со среќни граѓани. Македонија чии што деца ќе се вратат дома и ќе ги наполнат домовите на родителите, кои што со тага во лицето ги испраќаа од своите родни домови и огништа, кои што се среќни кога една неделно ќе им се јават или еднашка во две години ќе се вратат и ќе поминат некоја недела со нив. Вреди да се бориш за една таква различна Македонија, Македонија полна со вредности, нагласи Мицкоски.

Порача дека вреди да се бори за една таква Македонија кога граѓаните ќе се среќни и полни со оптимизам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега