Мицкоски: Од сега е јасно дека оваа зима ќе имаме рестрикции на струја

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски стравува дека оваа зима ќе имаме рестрикции на електрична енергија
„Состојбата е навистина алармантна и она што од сега е јасно е дека со почетокот на грејната сезона електро – енергетскиот систем во Македонија ќе биде сериозно оптоварен поради потребите на граѓаните и стопанството а ние нема да обезбедиме евтин ресурс и мислам дека многу скоро од денеска ќе се вратиме 40-50 години наназад кога за жал домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија, недостаток на струја и се воведуваа рестрикции“ – рече Мицкоски.

Според него, енергетската криза ќе доведе до финансиска криза бидејќи овие трошоци некој мора да ги плати, а тоа ќе биде народот.

26.10.2021 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа