Мицкоски: Од власта а зинат, ќе излажат

„Ќе загубат, но барем да се повлечат достоинствено. И во последните денови гледаме невидена црна кампања и пропаганда која само ја потврдува паниката во нивните редови. Повеќе не зборат за проекти, зборат само и само за минатото и за ВМРО-ДПМНЕ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Злетово.

Мицкоски додаде дека од власта, а отворат уста ги лажат граѓаните.

„А, зинат ќе излажат, веројатно советот на луѓето до Заев бил шефе прави го она што го правиш најдобро, кажувај ја невистината или како што народот вели лажи колку што те држи душата. Го слушам вчера на прес конференција Зоран Заев вели ќе инвестирал во периодот кој што следи ни помалку, ни повеќе 12 милијарди евра. Дури и милијардата на Циле е мало дете за Зоран Заев. Можеше комотно да си каже човекот и 50, 100 милијарди, што знае што е милијарда. Но, тоа е она кое што Зоран Заев најдобро го знае и најдобро го умее, човекот едноставно има образ ѓон, затоа што таков му е наравот“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека во овој момент најголем непријател на етничките односи е токму Заев и неговиот партнер ДУИ

„Па така се што ќе чуете овие денови од нивните усти земете го со резерва.  Погледнете само со каква леснотија си играат со огнот на етничките тензии, сакајќи да предизвикаат конфликт. Во овој момент најголем непријател на етничките односи во Македонија е токму Зоран Заев и неговиот партнер ДУИ, затоа што така драги пријатели на најлесен начин си го штитат криминалот, кој што сложно си го прават, сложно си крадат од тендери додека пред камерите глумат загрижени политичари за мултиетничката демократија. Но работата е што и Албанците, исто како и Македонците живеат подеднакво лошо и сите заедно ја напуштаат државата поради таквите како Заев и Ахмети“, нагласи Мицкоски.

27.10.2021 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега