Мицкоски: Одбивам да бидам дел од политичарите кои ја тонат Македонија во афери и скандали

Нам ни треба да создадеме нова иднина. Нова иднина која што се темели на шанси за обичниот човек. Надежта е способност да се виде светлината и покрај сите темнини. Иднина и надеж која ќе донесе промени, проекти и победи. Иднина која ќе стави крај на сите порази и неуспеси во минатите години. Иднина и надеж која ќе ја смени сликата на македонската политика, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред граѓаните на денешниот митинг во Радовиш.
Претседателот Мицкоски истакна дека одбива да биде дел од политичарите со скандали и афери, но и дека власта е исплашена бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нуди нови мотивирани и свежи луѓе кои влегуваат во политиката за да дадат, а не да печалат за себе.
Одбивам да бидам дел од политичарите кои ја тонат Македонија во едноличност, афери и скандали. Време е за надеж. Надеж која ќе биде одново изградена од новата генерација на македонски политичари кои ќе работата на создавање на новата иднина. Затоа е исплашена власта. Затоа што понудата на ВМРО-ДПМНЕ се нови мотивирани и свежи луѓе. Луѓе кои влегуваат во политиката за да дадат а не да печалат од политиката за себе, рече Мицкоски.
Тој додаде дека се бори за иднина во која заедно со граѓаните ќе се градат мостови и ќе се рушат ѕидови меѓу народот, иднина која ќе значи почит за земјоделците, работниците, иднина и надеж за народот.
Јас се борам за иднина во која заедно ќе градиме мостови и ќе рушиме ѕидови меѓу народот. Да создадеме иднина која ќе роди нова надеж кај напатениот народ. Иднина и надеж која ќе ги направи општините да му служат на народот. Иднина и надеж која ќе значи почит кај земјоделецот. Иднина и надеж каде работникот ќе биде повисоко на пиедесталот од политичарот. Иднина и надеж каде слабите ќе ја имаат заштитата, а силните нема да злоупотребата силата. Иднина и надеж во која ќе се знае дека народот е вистинскиот газда во Македонија, порача Мицкоски.
04.10.2021 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега