Мицкоски: Ова е протест на сите против еден луд човек

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на денешниот протест под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна“ истакна дека постојат работи кои што се свети и не се предмет на пазарење.

-Сега е време кога треба да кренеме главата и да кажеме „Доста е!“. Време Македонците повторно да се борат и да се изборат за своите правдини.

Вели дека тоа што го направи премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНес е срамно за Македонија и оти нема човек кој го гледал интервјуто и не се срамел од понизноста на премиерот.

-Газеше по коските на Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски – Питу, Христијан Тодоровски – Карпош, Орце Николов, Борка Талевски, Раде Јовчевски – Корчагин, а со тоа и на сите Илинденци. Овде нема политика, ова е Македонија. Овој протест е на народот. Овде нема канкулантство, ова е протест на сите против лудоста на еден човек, рече Мицкоски.

Рече дека во овие тешки услови на криза, народот ќе победи ако каже „Толку е“.

Обраќајќи се до членовите на СДСМ рече дека сега мора да бидат погласни.

-Зоран Заев не е Македонија, бранејќи ја вашата партија од Заев секој од вас ја брани Македонија. Имаме разлики, но имаме поголема заедничка цел. Да го зачуваме нашиот образ и нашиот идентитет, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега