Мицкоски: Патриотите кои што си ја сакаат Македонија 20 години се заложници на една политичка партија

Најпрвин ќе ми дозволите да се заблагодарам еве и на градоначалникот, на претседавачот на Советот, на пратеничката на граѓаните кои што се тука денеска со нас за поддршката која што изминативе неколку месеци после завршувањето на локалните избори ни ја даваат. Да се заблагодарам на овие луѓе позади еве што ме поканија да ја имам оваа можност и чест да бидам дел од овие проекти кои што ги реализира Општина Кисела Вода, нешто што минатите четири години воопшто не беше предмет на дискусија.

Храбра, амбициозна би рекол посветена, чесна агенда имаат, километри нов асфалт, канализација, водовод и тоа е навистина една голема и сериозна работа која што се случува овдека во општина Кисела Вода. Дури и повеќе од тоа кое што можеби е земено како обврска во време на кампањата за локалните избори ќе биде реализирано.

И во име на тоа сакам да кажам дека не се сите исти, токму тоа ја прави разликата помеѓу кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето кои што се патриоти и кои што си ја сакаат Македонија и оние кои што се во Владата и се заложници на една политичка партија која што 20 години практично ја уназадува Македонија, кои што се грижат само за своите фотелји обременети со многу криминал, со многу корупција, со многу вулгарности, со многу навреди, со многу срам.

И на граѓаните сум горд на нив затоа што знаат да ја направат разликата посебно тоа беше на последните локални избори и убеден сум дека таа разлика ќе ја направат и на следните предвремени парламентарни избори кои што многу бргу од денеска ќе се случат.

Нас ни е потребен 61 пратеник за да тие кои што се виновни за сите оние луѓе кои што живи гореа во модуларната болница во Тетово да бидат изведени пред лицето на правдата, а не да бидат затскривани од партиски обвинители и судии.

Нас ни е потребен 61 пратеник да го изведеме пред лицето на правдата оној кој што дозволи технички расипан автобус на туристичката агенција да дозволи да ја напушти Македонија и да згаснат 10-тици невини човечки животи, да не ни го кријат тоа партиски обвинители и судии. Заробено обвинителство и судство.

Нас ни е потребен 61 пратеник за да излезе пред лицето на правдата секој оној кој што ја пустоши, ја краде, ја пљачка и ја уназадува Македонија. Затоа ни се потребни тие 61 пратеник во името на Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите, Египјаните и останатите, за да конечна на Македонија и тргне.

Некој ме прашува дали е ова кампања за избори, ова е кампања за народот, и ние ја продолжуваме оваа кампања, промените продолжуваат заедно со народот затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и на ВМРО-ДПМНЕ местото е помеѓу народот. Ако некој тоа го сфаќа како кампања за избори тогаш жалам но ќе морам да го разочарам, така ќе биде овие четири години после победата огромна и историска на локалните избори, така ќе биде и наредните години откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира Владата. политичари кои што седат цврсто укотвени во кожни фотелји и газат дебели црвени персиски килими се политичари од минатиот век. Современи политичари треба да бидат помеѓу народот и имаат трпение за народот затоа што народот е тој кој што ги плаќа. Така што нека се навикнат на вакви кампањи, нека се навикнат на вакви случувања. 

 

Јас немам што друго да додадам освен на крајот уште еднашка еве да му честитам на Орце, да и честитам на администрацијата и да им се заблагодарам на граѓаните и да им посакам уште многу вакви успешни проекти овде во Кисела Вода и низ цела Македонија.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
14.05.2022 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега