Мицкоски: Петков ги проширува барањата кон земјава, а нашиот државен врв тоа го поздрадува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека новиот бугарски премиер не е доволно храбар. Коментирајќи го интервјуто на Кирил Петков за бриселски „Политико“, Мицкоски вели дека неговите ставови се ултра тврди и оти Петков само ќе ги надгради ставовите за историските прашања.

„Тој значи има ултра тврда позиција, а нашиве политичари тоа го поздравуваат“, вели Мицкоски.  

Според него тоа е најголемиот проблем што државниот врв нема конзистентна политика.

„Ако имаме вакви политичари кои на дневна основа ја нарушуваат нашата позиција, не правиме ништо. Најголем проблем на нашиот државен врв е што немаат конзистентен став. Нивните ставови се како пластелин и во тој случај народот губи“, рече лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Мицкоски. 

22.12.2021 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега