Мицкоски по Лидерската: Заев се дрзна да ме обвини за Рекет а вмешани се имиња од власта

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, по неуспешната Лидерска средба која траеше седум часа во Собранието, на прес-конференција ги кажа сите предлози на власта.

- Заев предложи ново Обвинителство на исто ниво со она на Русковска, а обвинителот да биде на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај надлежностите, откако ќе ги земе десетте помошници на Катица јанева, ќе има заштитна клаузула која вели дека ако власта не го прифати предлогот на опозицијата за лице кое ќе го предводи Обвинителството, Советот да избере обвинител од овие 10 од СЈО кои би прешле во него. Власта ќе биде мотивирана никогаш да не го прифати предлогот на опозицијата, вели Мицкоски.

Вели практично предлогот на Заев било ново СЈО, и Обвинителство кое ќе го води Русковска, а сето тоа управувано од Јовевски.

- Законот е јасен, кога ќе престане мандатот на специјалната обвинителка, сите помошници се враќаат во матичните комисии, вели тој додавајќи дека ако Јовевски ги преземе предметите, не му е потребен новиот Закон.

Вели дека прес-конференцијата на Заев кој бил промотор на криминалот имал срамна прес-конференција и се дрзнал да го обвини дека истрагата за Рекет водела кон него.

- Нема да го тужам и да се заканувам со тужби, но ќе го предупредам дека моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта за Рекет, вели Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега