Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички.

„Образованието е еден од нашите приоритети кој е значаен не само за поединецот, туку и за унапредување на целото општество. Грижата за сите чинители во овој процес е наша обврска. За жал, власта не се потруди да го организира и прилагоди соодветно воспитниот и образовниот систем за тој да функционира во услови на ковид“, пишува на фејсбук Мицкоски.

Сѐ почесто, додава тој, добиваме вест дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на Ковид-19.

„Од таа причина, предлагам бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата. Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата“, вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2020 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега