Мицкоски: Промените се чувствуваат во Гази Баба, ако власта не се издигне над корумпираните интереси, Општината ќе ги изгради градинките со свои средства

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за медиумите кажа дека се случуваат промени во Општина Гази Баба.
 
„Најпрвин еве благодарност од мене до Боби, до градоначалникот на Гази Баба, што ја имам таа можност денеска да бидам овде, да видам од лице место како се реализира ветеното за време на кампањата.
Можеби Боби не оддаде едно, еве јас сакам да додадам една работа, како Општина детските градинки ќе ги направиме. Тоа не се проекти ниту на ВМРО-ДПМНЕ, нити на СДСМ, тоа се проекти на граѓаните на Гази Баба. Но, не сум сигурен дека министерството ќе даде одобрение за вработување на кадар кој што ќе ги воспитува нашите дечиња и кадар кој што ќе може онаа неопходно знаење на децата уште од најраната возраст да им го всади.
Но, тука е знам Боби, он е мотивиран, он е сериозно амбициозен, убеден сум и доколку оваа корумпирана и криминална власт  сепак не успее да смогне сили да се издигне над партиските интереси дека Општината од сопствени средства ќе обезбеди вработувања на соодветен и лиценциран воспитувачки и образовен кадар во градинките. И повеќе нема да има деца на листите за чекање овдека во Гази Баба.
Не е проблемот да го изградиме, ние ќе го изградиме, проблемот е што имаме партизирани институции, партизирани министерства и многу лоши министри и членови на кабинетот на Ковачевски. И затоа ние бараме да има предвремени парламентарни избори за да може Владата и локалната самоуправа да ги реализираат проектите непречено наместо да договараат тендери во четири очи и да го крадат народот како што тоа го прави оваа Влада.
Така што градинките се само еден од проектите, улиците се друг дел од проектите, има комунална инфраструктура, многу фекална и атмосферска канализација, водоводи, спортски сали итн.  
Се работи насекаде во Македонија, промените се чувствуваат. ВМРО-ДПМНЕ е помеѓу народот и така ќе продолжи, ние сме народна партија и нашето место е овдека помеѓу народот. А, јас сум тука заедно со градоначалниците секогаш кога е тоа потребно и секогаш кога ќе треба поддршка и од мене но и од структурата на партијата.

 

За крај, ја користам оваа прилика уште еднашка на Боби да му честитам и да му посакам уште многу вакви успешни проекти на него и на неговиот тим овде од Општината. Сигурен сум дека може уште на половина на мандатот ќе го реализираме најголемиот дел од ветеното за време на кампањата на минатогодишните локални избори“, кажа Мицкоски.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

27.05.2022 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа