Мицкоски: Прв чекор за рушење на власта е интерпелација на Никола Димитров

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека првиот чекор во рушењето на, како што ја нарече, ненародната власт е интерпелација на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. 

-Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина. Распродадоа се што можеше да се распродаде овие 4 години од гордоста и она малку што остана сакаат и тргуваат со него, а всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак.За ова мора да се понесе одговорност.Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност, рече Мицкоски.

Вели дека Димитров е главниот виновник за дебаклот што и се случува на Македонија на меѓународната сцена.

-Мислам дека во овој момент најповиканото прашање е дебаклот кој што ни се случува на отворена сцена поврзано со надворешната политика. Не знам, ако нешто е поактуелно од ова тогаш во моментов навистина јас не можам да се сетам, истакна Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2020 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега