Мицкоски: Ривалство помеѓу Јанчев и мене никогаш не постоело

Старо-новиот претседател на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ги оставиле несогласувањата од минатото зад себе, пишува „Фокус“.

Мицкоски во изјава за порталот рекол дека меѓу нив никогаш не постоело ривалство.

-Секогаш сум се воздржувал од коментар на изјавите на Митко Јанчев во минатото кога критикувал и кога пројавувал амбиција. Ривалство помеѓу нас никогаш не постоело! Само така можеме да бидеме подобри! Се додека Митко Јанчев е добар градоначалник за кавадарчани, ќе ја има мојата поддршка – појаснува Мицкоски.

Тој беше реизбран за лидер на партијата со 489 гласа од делегатите, а околу тоа како реагира неговото семејство, со оглед на одговорноста која ја носи функцијата, но и времето и енергијата кои треба да ги вложи во истата, вели дека емоциите се помешани.

-За жал, семејството е најголемата жртва поради мојата професија. Помешани се емоциите, радосни за успехот, но истовремено тажни поради тоа што ќе отсуствувам од дома – ни изјави реизбраниот претседател.

 

13.12.2021 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега