Мицкоски: Рубиконот го помина Бугарија, тие сакаат да ни го бугаризираат нашиот чист македонски идентитет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше вечерва во емисијата „Јади бурек“ на Телевизија Сонце.

„Нивната цел е да го приватизираат македонизмот и да го поврзат со бугарскиот идентитет тоа е суштината и да кажат дека македонизмот е дел од бугарскиот идентитет“, рече 

Тој посочи дека тие сакаат тоа да се признае и потпише, или во најмала рака да не сме Македонци туку некои нови Северномакедонци.

„Овие луѓе кои сега живеат на овие 25 илјади квадратни километри се некои нови Северномакедонци кои се настанати како резултат на некаков си договор таму ете политички тие луѓе постојат, ете тоа е суштината“, кажа Мицкоски.

Мицкоски посочи мора да се има поголема флексибилност со државниот рубикон.

„Мојот личен рубикон е одамна поминат кога станува збор со нивните барања, но државниот рубикон ние мора да имаме поголема флексибилност поради тоа што ние не сме сами и не сме надвор од еден поголем систем наречен Европа и меѓународна заедница“, потенцираше Мицкоски.

20.10.2022 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега