Мицкоски: Само од Господ се плашам, од ништо друго
Луѓето кои ме познаваат, знаат дека јас не се плашам, само од Господ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, како одговор на прашањето „дали повеќе се плаши од Груевски да му наштети преку Данела Арсовска или од самата Арсовска.
„Од ништо друго не се плашам“, рече Мицкоски.
Мицкоски за случајот со ЈСП Скопје рече дека пред Нова година биле изгласани субвенции за ноемвриската и за декемвриската плата, но прашува зошто не е исплатена декемвриската плата.
„Зошто сега ги манипулираме да се исплати декемвриската плата? – Во времето на Коце Трајановски, максимум субвенции што биле исплаќани се 150 милиони денари, во времето на Петре Шилегов – 350 милиони денари. Во 2023 година се исплатени 700 милиони денари субвенции“, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа