Мицкоски: СДСМ го призна поразот уште пред изборите со предложените градоначалници во Прилеп и Битола

Она што мене најмногу ме допре и предизвика кај мене внимание се градоначалниците од поголемите пелагониски општини, пред се Битола и Прилеп. Таму СДСМ го призна поразот уште пред да започнат изборите, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

-Во Прилеп кандидираше транзиционен политичар којшто можеби е единствен кој може да и конкурира на Радмила Шеќеринска на политичката сцена, малку пратеник, малку беше координатор на пратеничка група, малку министер, па малку в.д. директор, па сега сака малку да биде градоначалник, но мислам дека прилепчани овојпат ќе стават крај на неговата политичка кариера и ќе може да се посвети заедно со неговите другарчиња во рестораните каде што бога ми има основано сомневање дека се случуваат противзаконски работи. Втората личност која вчера ја понудија, не само што не е конкурентна и не е достојна за тој град каде ја понудија тие со тоа си потпишаа пораз и за следните 4 години, бидејќи стравува отсуството на квалитет кадровски во СДСМ па ќе мораат да одат со крајно корумпирани и сомнителни бизнис ликови од средините од каде што ги кандидираат, изјави Мицкоски.

01.09.2021 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега