Мицкоски: СДСМ и БЕСА готват федерализација на Македонија - глас за нив е глас за уништување на државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера во Аеродром изјави дека СДСМ и БЕСА подготвуваат федерализација на Македонија.

-На маса е Македонија, да не биде дека не е споменато пред време затоа што првиот чекор е федерализација, вториот чекор е конечно уништување на Македонија и секој оној кој ќе излезе на 15 јули и ќе заокружи пред името на Никола Димитров и за волјата на СДСМ и Беса треба да е свесен дека заокружува за уништување на Македонија – рече Мицкоски.

Тој додаде дека ДПМНЕ на овие избори излегува со понуда содржана во 360 страни наречена Проект „Обнова“, каде може да се најдат повеќе од 1000 проекти.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега