Мицкоски се сретна со потпретседателката на белгиската владејачка партија: Ќе се бориме за секое работно место

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретнал со потпретседателката на владејачката белгиска партија ВЛД, Патриција Еуејсенс.

Тој преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека особено внимание во разговорот посветиле на размена на искуства за локален економски развој во пресрет на локалните избори.

-Секоја соработка е значајна, особено што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди најсодржајна и иновативна програма која ќе го содржи сеопштиот развој на населените места, со фокус на претприемништвото, поддршка на иновациите, инфраструктурна преродба како и поддршка на компаниите, домашни и странски, кои ќе отворат нови работни места. Ќе се бориме за секое работно место. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има поддршката од белгиските пријатели, напиша Мицкоски на Фејсбук..

 

29.06.2021 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега