Мицкоски: Штабовите ќе бидат отворени за да ги сослушаме граѓаните

       

   Поради големиот интерес кој што последните денови владее ширум нашата држава а е побрзан со акцијата и теренските активности кои што ги води ВМРО-ДПМНЕ тоа е разговорите за обнова на Македонија, од денеска започнуваме уште две нови активности. Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

          - Практично денеска и тоа што ќе се случува почнувајќи од следниот викенд а тоа е секој ден штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушан, пречекани од страна на активистите на ВМРО-ДПМНЕ во тие општини каде што ќе дојдат, да можат да ги запишат односно да ги сослушаат граѓаните кои  се нивните проблеми кои што се дел од нивниот секојдневен реален живот. Тоа е активноста која што започнува од денеска, а викендот практично започнуваме континуирано со состаноци во месните заедници, во руралните и урбаните средини заедно со граѓаните во Македонија и повторно разговори на отворено за она кое што претставува реален проблем кое што е дел од нивното секојдневие. До сега повеќе од 15.000 наши сограѓани ги артикулираа своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ директно или индиректно се разбира во периодот кој што следи очекуваме уште поголема бројка и како што кажавме нашите решенија ќе бидат групирани за различни групи на проблеми кои што нашите сограѓани ги доставуваат до ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат содржани и во нашата  предизборна програма која што ќе биде дел од нашата предизборна кампања, вели Мицкоски.

Лидерот на опозиицјата се надева дека ќе се охрабрат од Владата која што „блеска“ предводена од Зоран Заев и СДСМ и ќе има наскоро предвремени парламентарни избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега