Мицкоски со поддршка до Израел: Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо

Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со случувањата меѓу Израел и Палестина.

– Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел.
 

Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас.

Апелираме кон политичките лидери во Израел и во регионот да продолжат со вложување на искрени напори за деескалација на судирите и одлучно да дејствуваат против екстремизмот кој создава сериозни безбедносни проблеми и го загрозува животот на цивилното население.

Изразуваме длабоко сочувство за секој изгубен живот и посакуваме што побрза деeскалација на состојбите, што би значело мирен и безбеден живот за сите граѓани во тој регион, стои во објавата на Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега