Мицкоски со предлог до власта: Повластена стапка на ДДВ за горивата и храна, оставете го инаетот и поддржете го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Битола одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ предлага законски измени за повластена стапка на ДДВ-то за горивата и храната, но владата се инаети и не ги прифаќа бидејќи истиот е предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме ценовен шок, растат цените на горивата , ние предлагаме, но за жал повторно од владата тоа е одбиено да се продолжи мерката која што претходно ја предложивме да ја имаме повластена стапка на ДДВ из а горивата и за прехранбените производи и за производите кои што важеше до сега. Но, биејќи тоа ВМРО-ДПМНЕ го предлага, а на владата не и текна, еве ќе видите дека тие ќе се инаетат и ќе речат нема тоа да го прифатиме, зошто? Затоа што ВМРОД-ПМНЕ тоа го предлага, и само поради тоа граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки, ќе имаат  понизок стандард и помалку пари“, вели Мицкоски.

Мицкоски побара од владата да го остави инаетот на страна и да не покажуваат сила и мускули бидејќи така само граѓаните губат.

Ние имаме работа влада која што не само што нема визија туку не знае ниту политика. Тоа е најголемиот проблем, они мислат дека ако се инаетат така ќе покажат мускули и сила. Но така губат граѓаните, смета тој.

„Нека го поддржи владата овој закон за повластена стапка на артиклите, на горивата, еве нека биде владата предлагач, не мора ВМРО-ДПМНЕ, апелирам овде од Битола, ама доста се инаетете, со инает ништо не се постигнува бидејќи граѓаните губат“, порача Мицкоски.

03.06.2022 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега