Мицкоски: Со прифаќање на овој предлог Гоце Делчев, Даме Груев и хероите ќе станат Бугари

Јас и ВМРО – ДПМНЕ во таков процес нема да бидеме соучесници. Ќе се бориме за вистината и против ваквиот нокаут во македонската дипломатија, рече претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

– Предлог кој е ултиматум за иднината на нашата Македонија, предлог кој е диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија. За таков предлог одговорот е – не благодарам. Предлогот кој е на маса, а Владата го криеше, а до кој дојдовме ние по наши канали, всушност е истиот, кој веќе еднаш беше одбиен, нагласи Мицкоски.

Со жалење морам да констатирам, истакна тој, дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот и во делот на идентитетот.

– Прифаќањто на ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот дикатат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите херои и револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Секој кој како Владата, како Ковачевкси, Османи и Маричиќ, ќе ви кажува нешто поинаку, ви кажувам со сиот мој дигнитет и име,не ја говори вистината или да бидам подиректен ве лаже. Затоа, имаме два документи, два процеси, сменети зборчиња, семантичка инверзија, кои Владата ни ги кажува како успех, изјави Мицкоски.

01.07.2022 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега