Мицкоски: Способни сме за големи чекори напред

Вечерва е одбележан јубилеен роденден од формирањето на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

За време на одбележувањето, свое обраќање имаше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој порача дека не се сите политичари исти и дека е неопходно обединување против злото за да се обезбеди напредок за државата и за граѓаните.

-Говорев за потребата од обединување против злото, за иднината и потребата да се бориме за промени. Не се сите исти, и не смееме да дозволиме да се задоволиме со просечни или потпросечни работи. Способни сме за големи чекори напред, имаме план, визија и сигурни политики кои ќе ја донесат, гарантираат и обезбедат, порача Мицкоски.

15.07.2021 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега