Мицкоски: Тие веруваат во тендери - јас верувам во Македонија и нејзиниот народ

Ова е борба на народот против корумпираниот систем. На обичниот човек против оковите на потпросечност на власта, потенцираше Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Гази Баба.

Мицкоски пред граѓаните порача дека не се сите исти, односно дека тој верува во Македонија и нејзиниот народ, за разлика од СДСМ и Зоран Заев кои веруваат во тендери, моќ и пари.
Ова е борба на идејата во која веруваме и која ја сонуваме, наспроти уривањето на вредностите и кршење на принципите. Тие веруваат во тендери, јас верувам во Македонија и нејзиниот народ. Тие се политиката за моќ и пари, јас сум за да создаваме иднина за сите генерации. Има разлика. Различни сме во моралот, во делата, историјата, и во намерите, истакна Мицкоски.
08.10.2021 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега