Mицкоски: Тврдењето на Заев дека народот во Струмица и Петрич зборат ист јазик е глупост на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде што посочи дека тврдењето на Заев дека народот во Струмица и Петрич говорат на ист јазик е глупост.

„Кај мене предизвика едно чувство на вознемиреност до гадење, кога слушнав дека Македонците од Струмица збореле на ист јазик како и граѓаните на нашиот источен сосед во Петрич. Јас не мислам дека е така, и мислам дека Македонците во Струмица зборуваат на македонски јазик. Македонскиот јазик кој што се говори во Струмица не може никако да биде дијалект на бугарскиот јазик кој што се говори во Петрич. И тоа е една голема би рекол глупост од негова страна што беше кажана за тој бугарски медиум“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не знае дали тоа Заев го прави од незнаење, дали тоа го прави од немоќ, дали тоа го прави за да остави посилен циркузански впечаток кај нашиот источен сосед па да речат видете го овој и да си поигруваат со него.

Според Мицкоски се додека Бугарите не разберат дека сме два различни народи, се додека тоа не го расчистиме не можеме да говориме.

Мора да направиме разлика меѓу македонскиот и бугарскиот народ, рече Мицкоски укажувајќи дека по вакви ставови мора да се реагира, да се делува.

До сега сум критикувал, но по ова треба да се делува згрозена е македонската јавност, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега