Мицкоски: Уште во првиот круг во Тетово ќе гласаме за кадндидатот на Алијанса и Алтернатива

Во Тетово ќе гласаме за кандидатот на Алијанса и Алтернатива уште во првиот круг, вели опозицискиот лидер Христијан Мицкоски прашан зошто неговата партија нема свој кандидат во оваа општина.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи кандидатот на коалицијата Алијанса и Алтернатива овде во Тетово уште во првиот круг, а нашата советничка листа ќе освои рекорден број на гласови.
Нашата цел заедно со коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е онаму каде што уште во првиот круг ќе се поддржиме да ги поразиме овие криминални политики на коалицијата на власт предводена од СДСМ и ДУИ“ – вели Мицкоски.

16.09.2021 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега