Мицкоски: Утре на масовен протест – договорите потпишани набрзина се само проблем во интеграцијата на Македонија во ЕУ

Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски вечерва истакна дека ова се моменти кога се одлучува иднината на македонскиот народ и Република Македонија.

-Ова се моменти кога се потврдува тезата дека договори потпишани набрзина не само што не се решение, туку напротив, самите по себе претставуваат проблем за иднината на Македонија во рамките на Европската унија. Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев. Денеска наместо решение, истото тоа претставува проблем. Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историја, рече Мицкоски.

Според него, само политички аматер може својата држава да доведе во подредена состојба. Мицкоски повика на масовен протест утре во 12:30 часот.

-Ако денеска не успееме се плашам дека некоја од идните генерации ќе имаат можност грешката која што денеска ќе ја направат Зоран Заев и СДСМ ќе имаат можност да ја поправат, рече Мицкоски.

Обраќајки им се на политичарите од владејачкото мнозинство, Мицкоски порача да не се дрзнуваат да го чепкаат македонскиот идентитет, јазик и историја.

-Немојте да се дрзнете да се откажете од македонското малцинство кај нашиот источен сосед зашто таа хартија која вие ќе ја потпишете е безвредна. Следната Влада која ќе биде Влада на единство, истатата парче хартија нема намера да ја почитува, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа