Мицкоски: В недела ќе се знае дали Арсовска ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека в недела ќе се знае дали неговата партија ќе ја поддржи независната кандидатура на Данела Арсовска за градоначалничка на Град Скопје.

-Прочитав на социјалните медиуми дека Данела Арсовска го собрала потребниот број на потписи согласно позитивните законски прописи да биде кандидат на следните локални избори за градоначалник на Град Скопје. Ѝ посакувам многу успех, и посакувам среќа ѝ посакувам сѐ она што го зацртала во нејзината кампања и во нејзината програма да го реализира. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде познат во недела бидејќи тогаш ќе заседава Извршниот комитет и Централниот комитет на партијата. Данела Арсовска и јавно побара, колку што ги следам нејзините јавни настапи, општествена и политичка поддршка. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија, ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто е секогаш со и заедно со народот. Ја имаме отприлика нејзината визија разговарано, нејзината програма е веќе доставена до партиските тела. Така што, в недела ќе одлучуваме и јавноста ќе биде запознаена, рече Мицкоски во изјава за Сител.

 

27.08.2021 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега