Мицкоски: Вечерва ќе се радуваме, но нема да славиме, од утре на работа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва прогласи победа на локалните избори вечерва. 

„Огромна победа на народот во Македонија, на младите, старите, мажите, жените, христијаните, муслиманите, атеистите, лекарите, земјоделците, уметниците, професиорите.

Победи народот, и покрај сите нерегуларности, притисоци, поткупи кои ги правеа. Коалицијата на Спасовски, обвинителството на Русковска, примитивизмот на Заев беа против нас, ама со нас беше народот.

Надежта е тука. Шансата за нова иднина народот ја зема во свои раце. Новата иднина ги победува поделбите, ова е триумф за оние кои гласаа, и оние кои не гласаа и кои ја имаат почит. Триумф за Македонија.

Денеска се слуша, трешти гласот на промените. И сите вие со вашата верба и волја сте сите за промените.

Ова не е финална победа, но ова е прв чекор до нејзе. Ова е прв чекор кој го сакаме од нашата Македонија. ОВој народ тоа го заслужува. Доста беше, доста делби, конфликти, апатија, криминал, корупција. Благодарам народе! Ова е твоја победа!

Ова е победа, но ова е одговорност. Едно да знаете, нема да ве изневериме и разочараме. За мене, ова е огромна обврска и огромна одговорност. Се што зборував во оваа кампања паметам добро и ќе го направиме заеднички.“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата соопшти и во кои општини ВРО-ДПМНЕ извојува победа.

„Македонски Брод имаме водство, СДСМ нема да биде во втор круг. Аеродром имаме огромна предност, очекуваме да се заврши во првиот круг. Кисела Вода имаме убедливо водство 2 спрема 1, очекуваме Орце во првиот круг да победи. Сопиште е завршена работата во првиот круг. Центар и Карпош ќе има втор круг. Дарко ја заврши работата во Бутел, го има новиот градоначалник. Чучер Сандево одиме во втор круг, Боби во Гази Баба ја заврши работата во првиот круг. Ѓорче Петров имаме убедливо водство, Александар може да помине во првиот круг. Пехчево одиме во втор круг како првопласирани, Македоница Каменица. Виница три спрема еден победивме. Кочани одиме во втор круг, таму се води борба. Зрновце завршивме во првиот круг. Зелениково одиме како првопласирани во вториот круг. Петровец три спрема еден, останува градоначалник Борче. Илинден ВМРО-ДПМНЕ ги победи двата кандидати на СДСМ. Чешиново-Облешево одиме како првопласирани во втор круг. Штип ја завршивме работата во првиот круг.  Да ви пренесам поздрави од Виктор, Карбинци го има новиот градоначалник во првиот круг. Исто така Дејан, Свети Николе има нов градоначалник. Лозово и Пробиштип влегуваме во втор круг. Кратово не успеавме за 13 гласа. Ранковце влегуваме во втор круг. Велес е вмровски град, Марко победи. Имаме победа во Градско. Радовиш влегуваме во втор круг со голема предност. Босилово имаме нов градоначалник. Ново Село и Василево влегуваме како првопласирани во вториот круг. Во Гевгелија сме многу блиску до првиот круг. Неготино го имаме новиот градоначалник. Демир Капија влегувам во втор круг. Кавадарци е со старо-новиот градоначалник Митко Јанчев со 10 илјади разлика. Росоман влегуваме во втор круг. Прилеп ќе го води Јовчевски, кој победи уште во првиот круг. Могила и Новаци имаме градоначалници уште во прв круг. Тони во Битола има голема предност, и најверојатно ќе биде завршена работата. Ресен имаме втор круг. Разликата во Охрид е повеќе од 2000 разлика, ВМРО-ДПМНЕ води во Кичево. Маврово Ростуше имаме втор круг, во Демир Хисар, Диме победи во Јегуновце. Брвеница влегуваме како првопласирани во втор круг“, изјави Мицкоски и дополни:

„Вечерва ќе се радуваме, но нема да славиме. Утре на работа. Од утре на работа за народот. Не чекаат тешки предизвици во вториот круг. Ги повикувам сите, кои сакаат да се промени и не поддржуваат како и сите оние кои се разочарани од политиката, ајде да се обединиме. Време е да ги обединиме разликите да покажеме слога и заедништво во намерите да се направи подобро“, рече Мицкоски.

17.10.2021 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега