Мицкоски: Владата го задолжи секој граѓанин за нови 143 евра

Владата од 1 јануари до 22 јуни потрошила 287 милиони евра повеќе од тоа што собрала, тоа е нов долг, а само една третина е за капитални инвестиции, каде се 190 милиони евра, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски преку својот профил на Фејсбук.

„Колку ги чини граѓаните на Македонија политиката на Зоран Заев:

– Буџетскиот дефицит (повеќе потрошени пари од собрани) за периодот од 1 јануари 2021 до 22 јуни 2021 изнесува 17,7 милијарди денари или 287 милиони евра. Тоа е нов долг за Македонија и граѓаните.

– Во периодот од 1 јануари 2021 до 22 јуни 2021 Владата на Зоран Заев и СДСМ го задолжи секој граѓанин за нови 8.840 денари или за 143 евра.

– Од новиот долг што го направија Владата на Зоран Заев и СДСМ во капитални инвестиции потрошени се само една третина од парите. Каде исчезнаа останатите две третини од потрошените пари или околу 190 милиони евра?

За неколку месеци од денес граѓаните одлучуваат дали сакаат да живеат во ова секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

24.06.2021 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега