Мицкоски: Владата им се одмаздува на охриѓани и во ек на туристичка сезона им го затвора влезот

 

Состојбата со изградбата на автопатот Кичево - Охрид е шокантна, посебно што во екот на туристичката сезона беше затворен влезот во најголемиот туристички центар во Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прашан за коментар за изградбата на автопатската делница по реакциите на граѓаните и туристичките работници тој забележа дека Владата ги казува охриѓани во сред туристичка сезона, бидејќи на локалните избори во 2021 година дале огромна поддршка за Кирил Пецаков и за ВМРО - ДПМНЕ.

- Граѓаните не се виновни што тие се криминални политичари и што народот сака што побрзо да си отидат. Народот не е виновен затоа што овие луѓе се тотално неспособни и сета своја неспособност, гнев и обид да му се реваншираат на народот во Охрид го покажуваат на отворена сцена затворајќи го влезот на нашиот најголем туристички центар во екот на туристичката сезона, изјави Мицкоски во Вевчани.

28.07.2023 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега