Мицкоски: Владата која што „блеска“ да се охрабри и да одиме на избори

До сега повеќе од 15.000 наши сограѓани ги артикулираа своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ директно или индиректно се разбира во периодот кој што следи очекуваме уште поголема бројка и како што кажавме нашите решенија ќе бидат групирани за различни групи на проблеми кои што нашите сограѓани ги доставуваат до ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат содржани и во нашата предизборна програма која што ќе биде дел од нашата предизборна кампања.

Ова вечерва го напиша на Фејсбук лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

- Се надевам дека ќе се охрабрат од Владата која што „блеска“ предводена од Зоран Заев и СДСМ и ќе има наскоро предвремени парламентарни избори, напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега