Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи протестот за Уставобранителите на 29 мај

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи протестите за слобода на уставобранителите кои се закажани за 29 мај. Опозицискиот лидер Мицкоски денеска во Штип уште еднаш го повтори партискиот став дека луѓето кои се осудени за тероризам всушност не се терористи.
„Некои од нив го имаат прекршено законот, но тие секако не се терористи. Нашиот став е јасен. Ние не ги организираме протестите но ние ќе дадеме поддршка како што дадовме поддршка и на претходниот протест изјави Мицкоски.
На социјалните мрежи веќе се шири повикот за протест на 29 мај. Според најавата, повторно ќе се протестира пред Владата и пред Собранието. Собирот пред владата е закажан за во 18:30 а од таму ќе се маршира до пред Собранието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега