Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон во Собранието за решавање на проблемот на просветните работници, но СДСМ и ДУИ го одбија
„Денеска продолжуваат преговорите колку што сум информиран. Не знам до каде е ова кое што би требало да изгледа како симулација на преговори. Ако беше целта да се раскине периодот па да се намали револтот кај наставниците професорите и вработените во градинките, ако таа беше стратегијата мислам дека им е неуспешна бидејќи фрустрацијата кај луѓето е сѐ поголема. Но, длабоко во себе посакувам да има добар договор и договор со кој ќе бидат задоволни вработените во училиштата и во градинките. Ние како ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ги подржуваме нивните барања, поднесовме закон во Парламентот, за за жал владата на СДСМ и ДУИ тоа го одби. Така што тука мислам дека во позадина се кријат некои други работи, но времето ќе ги покаже кои се тие работи “, истакна Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа