Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ предложи сет мерки и здравствени и економски кога не беше ни прогласена пандемија на коронавирусот

ВМРО-ДПМНЕ уште пред да се прогласи пандемија како партија предлагаше сет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните, но и за помош на економијата, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата Трилинг на 24 Телевизија. Во контекст на улогата и активностите на партијата во врска со состојбата со корона вирусот, Мицксоки објасни и зошто прво барал кризна, а потоа вонредна состојба.

-Ние имавме состанок во владата организиран од техничкиот премиер. На тој состанок јасно и гласно кажав кои се нашите ставови за состојбата во тој момент, а истата во тој момент не беше ескалирана, немаше пандемија. Јас тогаш спомнав и за економските последици што ќе следат. На 26 февруари претседателот на Комисијата за здравство, Синиша Стојаноски имаше прес на кој предложи сет на мерки што треба да ги преземе државата. Тогаш немаше пандемија само беше прашање на ден кога ќе ескалира ситуацијата со корона вирусот, рече Мицкоски.

Посочи дека партијата многу порано, пред да се прогласи пандемија предлагаше сет мерки како здравствено-санитарни, така и економски.

-На средбата кај техничкиот премиер кога не беше прогласена пандемија, јас изразив загриженост за економските последици, а добив одговор дека јас не треба да се грижам и дека истиот ден ќе имаат состонок и ќе излезат со пакет мерки, посочи Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега