Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на реформска влада која ќе се справува и со корупцијата

После 30 години бевме сведоци на најкорупмираните и најнедемократските избори кои што некогаш се организирани во суверена и независна македонска држава. Овие избори кои што завршија 15 јули уште еднашка покажаа и докажаа дека ова влада предводена од ова раководство на СДСМ на чело со Зоран Заев ниту знае ниту пак има намера да организира фер и демократски парламентарни избори. Ова се избори каде што граѓаните од свој џеб ќе платат еднакво 1 милијарда евра. Толку чинеше поткупот кој што го спроведе Владата предводена од СДСМ во случајов техничкиот претседател на Владата тоа е господинот Оливер Спасовски, ова денеска преку прес-конференција го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски.

-Точно една милијарда евра ќе ги чини граѓаните поткупот кој што го спроведе оваа Влада и ќе ве потсетам овие 1 милијарда евра беа средства кои што државата, Владата ги позајми со двојна цел. Првата цел беше справување со корона вирусот и втората цел беше справување со економската криза која што тогаш беше на повидок. И за да тоа се случи од страна на претседателот на државата господинот Стево Пендаровски беше прогласена вонредна состојба, но што добивме? Добивме нов долг од 1 милијарда евра за само едно тромесечје, секое македонско семејство е задолжено за 2 илјади евра, а на сметка на тоа кога ќе се спореди денес ситуацијата со корона вирусот и она пред воведувањето на вонредната состојба ќе се согласите сите, но и ќе се согласи македонската јавност дека работите ни одат го погрешна правец односно таа е многу полоша отколку пред воведувањето на вонредната состојба. За економијата ќе зборувам малку подолго. Понатаму спротивно на сите меѓународни препораки, се менуваше изборниот законик. Ќе ве потсетам на владина седница одржана на 22 јуни, ден кога истекуваше вонредната состојба се промени Изборниот законик во 5 до 12 кога на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија му беше оневозможено согласно закон презентирање во медиумите еднакво какво што тоа го имаа владејачките партии во случајот СДСМ и Демократската Унија за интеграција или да тоа го пренесам со бројки ќе кажам дека ВМРО-ДПМНЕ во тој момент можеше да се презентира максимум 3 минути во час, а додека пак останатите политички партии кои што беа дел од владата како СДСМ и ДУИ можеа и до 6 минути во секој час. Оттука ако го погледнете последниот извештај на АВМУ, односно господинот Трајчевски ќе видите дека практично времетраењето на презентирањето на СДСМ е повеќе од 129 часа, презентирањето на ДУИ е некаде околу 119 часа, а ВМРО-ДПМНЕ 72 часа, што значи дека спротивно на сите меѓународни препораки се менуваше Изборниот закон и се злоупотребуваше грубо вонредната состојба која во тој момент ја донесе господинот Стево Пендаровски со една цел, а тоа е како да им се помогне на граѓаните во справување со предизвиците како резултат на економската криза. И затоа можам да кажам дека вина споделува и самиот претседател. Инаку организацијата на овие избори беше со една цел, а тоа е да имаме ефикасни институции, но она кое што го добивме веднаш по завршувањето на тие избори на 15 јули е годишен колективен одмор од страна на СДСМ предводена од Зоран Заев кој еве конечно денеска на 4 август е прекинат, така што би рекол изминативе повеќе од 20 дена имавме можност да разговараме, договараме, преговараме владино мнозинство, парламентарно мнозинство, но господата од СДСМ предводени од Зоран Заев одлучија наместо ефикасни институции да се посветат на одмор, вели Мицкоски.

Тој додава дека но, на страна од кажаното кое го слушнавме на прес конференцијата од страна на господинот Зоран Заев јас би сакал да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период но и во периодот кој следи се фокусира на преговори за формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе значи и нова влада, влада која ќе биде фокусирана на справување со вистинските проблеми оние проблеми кои навистина живот значат за нашите сограѓани, а тоа е пред се пандемијата предизвикана од КОВИД 19 која гледаме кога цела Европа практично излегуваше од таа пандемија ние тоневме се подлабоко и еве веќе неколку месеци започнувајќи од оној март па се до сега август месец ние никако да излеземе, бројот на новозаразени е веќе троцифрена, а бројот на луѓе кои го загубија својот живот ја помина границата од 500, а бројот на заразените повеќе од 11 илјади.

-Пред се, исто така, покрај справувањето со последиците од КОВИД 19, тука би сакал да споменам и справување со економската криза која е на повидок, односно економската криза која во суштина ја чувствуваме веќе сите ние како граѓани. Сите оние кои што изминативе месеци имаат минимална плата, сите оние кои што не добиваат плата, но и сите оние што стравуваат за својата иднина кога станува збор за економската состојба во државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период, но и во периодот кој што претстои ќе биде силно фокусирано во формирање на ново парламентарно мнозинство, што ќе поддржи Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, Влада која што вистински ќе се справи со предизвиците кои што ги споменав, а не Влада која што ќе фингира справување и од предизвиците ќе создава уште поголеми предизвици, само за да може одговорноста да ја префрли на друг. Но, што и да се случи во преговорите кои што ќе ги води ВМРО-ДПМНЕ и кои што ги водеше во деновите кои што се пред нас, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе бидат дел од овој парламентарен состав ќе бидат фокусирани исклучиво во предлози кои што ќе значат вистинска борба против криминалот и корупцијата, нешто што претставува исклучителен предизвик за сите политичари, бидејќи на овие избори граѓаните силно збореа и силно говореа дека довербата во политичките елити како никогаш досега во овие 30 години независност е на најниско ниво. Затоа мора под итно да покажеме и да докажеме на дела вистински како да се справиме со криминалот и корупцијата која што навистина зема сериозни размери во нашето македонско општество, додава Мицкоски.

Тој истакнува дека за економијата зборував, резултатите кои што практично денеска ги продуцира оваа Влада која што е во заминување, се нов јавен долг од над 1 милијарда евра, наближивме до 60%, критериум дефиниран според Мастрихт задолженост, што значи дека практично ние во овој момент не би можеле да бидеме дел од Европската монетарна унија. Индустриското производство бележи двоцифрен пад и во месец јуни кога практично сите ограничувања не беа веќе во сила, гледаме дека индустриското производство е во паѓање од 15%, очекувам дека двоцифрен ќе биде падот и на БДП, сеуште гледам се споменува онаа бројка од 3,7% проценти раст на БДП од последниот квартал од минатата година, но некако се заборава дека во првиот квартал од оваа година растот или стагнацијата е еднаква на нула, кога голем број европски држави бележеа по 3, 4, 5% раст, сега очекувам во вториот квартал да биде тој пад двоцифрен. Бројот на лица кои што работат во индустријата е помал за повеќе од 5% овој јуни во споредба со јуни во изминатата до 2019-та година. Сето ова кое што денес го зборувам претставува вистински предизвик и за сето ова ние зборувавме и за време на кампањата, но истовремено зборуваме гласно во новата Влада, која што се надеваме ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и веднаш со робусни интензивни мерки ќе се справиме со овие предизвици кои што кои што навистина ги мачат нашите сограѓани, исклучително се важни како понатаму ќе се развива оваа наша држава.

-Не помалку е важен предизвикот во Собранието бидејќи македонските ученици и овој први септември, на помалку од месец дена од денеска сеуште немаат јасна визија и јасна стратегија како ќе продолжи понатаму да го обавуваат образовниот процес. Кога зборуваме за реформите, зборуваме за реформи кои што ќе значат справување со криминалот и корупцијата во Македонија, реформи што ќе значат вистинска економија која ќе се темели на стабилен раст и превенција од ова денеска кое што е погрешна политика на задолжување и погрешна политика на опаѓање на бруто домашниот производ и индустриското производство, реформи што ќе значат  вистински и квалитетен образовен систем, здравствен систем. Зборуваме за Влада која што на вистински пат ќе ја изнесе Македонија, ќе ги изнесе граѓаните на Македонија, а не Влада која што изминатиов период од повеќе од 3 и пол години имаше можност да покаже услови кога светската и европската економија бележеа рекордни стапки на раст кај нас за жал, ние се задоволувавме со просечното. Еве да завршам она кое што очекувам во деновите кои што се пред нас ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да убеди парламентарно мнозинство кое што во иднина ќе поддржи една ваква вистинска реформска влада која што на брза трака ќе ја однесе Македонија пред рамноправно членство во Европската Унија, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега