Мицкоски: Во 1903 „Њујорк тајмс“ објавува „убиен е македонскиот лидер Гоце Делчев“, 117 години подоцна Заев ја губи државата

1903 година Њу Јорк Тајмс по повод смртта на Гоце Делчев објавува “убиен е македонскиот лидер” – објавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„117 години подоцна заглавени помеѓу приказните за тоа дека бугарите сакале да бидат татковци, братучеди и браќа, Заев ја губи државата. Ако цената е себеодрекување, тогаш одговорот треба да е напуштање на договорот на Заев со источниот сосед и прекин на преговорите“ – се наведува во неговиот Фејсбук статус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2020 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега