Мицкоски: Во Бутел Велимир Смилевски е во коалиција со бандитите и криминалците кои го донесоа на власт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Бутел ја побара поддршката од граѓаните на општина Бутел за кандидатот за градоначалник Дарко Костовски, порачувајќи дека сегашниот градоначалник од СДСМ, Велимир Смилевски е во коалиција со бандити и криминалци кои го донеле на власт.

Во Бутел, Велимир Смилевски е во коалиција со бандитите и криминалците кои го донесоа на власт. Нив се им исполни, на народот не му исполни ништо, ветуваше  поликлиника, основно училиште во Визбегово, водовод во Љуботен и Љубанци,  гасификација, две нови градинки- ништо од ова не исполни, рече Мицкоски.

Затоа не им верувајте и сега кога лажно ветуваат. Поддржете промени. Излезете масовно на 17-ти октомври и заокружете го бројот 7 за Дарко Костовски, за победничката листа на коалицијата за Обнова на Македонија, за доктор Игор Николов, за професор Трајко Славески, бројот 82 за нов градоначалник на Градот Скопје, Данела Арсовска, порача Мицкоски.
08.10.2021 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега