Мицкоски: Во секоја општина каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник се гледа напредок, работа и промени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите

„Почитувани,

Ќе ми дозволите на почеток да му честитам на Иван и на тимот кој што работи овде во Општина Штип, се гледа напредокот, се гледаат промените, успесите, нешто што е различно од тоа што го гледаме на централно ниво и нешто што беше различно од пред Иван да биде тука изминативе четири години на неуспеси и неработа овде во Штип.

ВМРО-ДПМНЕ овде во Штип продолжува да го исполнува тоа кое што го вети за време на кампањата, како и насекаде низ Македонија.

Јас нема да зборувам премногу за проектот бидејќи Иван доволно кажа, но доволно зборуваат овие млади наши сограѓани овде во населбата Баби кои што се радуваат на овој спортски комплекс. И убеден сум дека многумина утре ќе бидат успешни фудбалери во „Брегалница“ или пак кошаркари и кошаркарки, ракометари и ракометарки овдека во Штип.

Младите треба да спортуваат, само така можат да го јакнат духот и само така може да се учат на витештво.

Се надевам дека набргу од денеска ќе биде и втората фаза готова и ќе можат да го комплетираат овдека во Штип целиот овој комплекс, но и ќе продолжиме понатаму и заедно со Иван овдека и администрацијата во останатите делови да се инвестира во Штип да се инвестира и да се градат вакви спортски комплекси, но и не само тоа туку и инфраструктура како надземна така и подземна.

 

Уште еднашка на крај ќе ми дозволите да му честитам на Иван, да и честитам на целокупната администрација овдека во Штип и само така да продолжат, затоа што доста се порази, на народот му треба единство. Единство околу програмата на ВМРО-ДПМНЕ, што ни е потребна и за следните предвремени парламентарни избори, да не биде Македонија уценувана од една политичка елита која што тоа го прави веќе 20 години“, вели Мицкоски.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
29.04.2022 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега