Мицкоски: За 100 дена влада поддршката на науката се сведе на дресирање на магариња

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција за оценка на стоте дена на владата, истакна дека во овие 100 дена образованието е на колена, наместо поддршка за науката парите одат за дресирање на магариња.

– Образованието е на колена. Експериментите во изминатите 100 дена го земаа својот данок. Доцнеше стартот на учебната година. Еден месец нашите ученици не можеа да ја следат наставата. Зошто? Затоа што властите во образованието се правдаа дека го подготвувале софтверот со кој што ќе се следи образованието, рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека наставниците не добија навремена професионална обука, а денес над 10.000 ученици следат опциона настава, односно настава на телевизија и со печатени материјали и при тоа за нивниот напредок не е можна реална контрола на постигнувањата.

– Се прекршуваат мерките за претпазливост и борба против КОВИД 19 пандемијата со тоа што не се пријавуваат и вешто се прикриваат заразени наставници и ученици. Во овие 100 дена влада единствено нешто што остана во образовниот процес се оние би рекол грантови кои што ги делеше Лидија Димова за тренирање на магарињата, заклучи Мицкоски

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2020 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега