Мицкоски: За Груевски не сакам да зборувам ни добро ни лошо

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека за поранешниот лидер на партијата Никола Груевски и за неговиот претходник, Љубчо Георгиевски не сака да зборува ниту добро ниту лошо. Тој во интервју за Плусинфо вели дека ова е нова генерација на ВМРО-ДПМНЕ која нема да се навраќа на минатото.

Немаме ние пизма поврзана со минатото. Ова е нова генерација на ВМРО-ДПМНЕ, која се докажа на изборите. Две убедливи победи во двата круга, поголеми од секоја друга победа во минатото. Тоа е резултат на многу работа, труд и стратегија. Јас сум им благодарен на моите соработници во партијата. Во минатото беа направени многу лоши, но и многу добри работи. Немам намера да говорам за моите претходници (Љубчо) Георгиевски и Груевски, бидејќи така сум воспитан. За луѓето коишто веќе не се дел од партијата нема да говорам ни добро, ни лошо. Ние сме политичари и нашето вреднување се валоризира со поддршката што ја добиваме на избори.

 

22.11.2021 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега